Tags: , ,
Renault Koleos со нови мотори

Нов здив или лебедова песна?

» За европскиот пазар Renault го обнови Koleos во јуни лани, кога му намени два дизел мотора – dCi 150 и dCi 190, првиот со погон само на предните тркала а вториот на сите четири, и двата со безстепена автоматика. Но, купувачите не реагираа доволно заинтересирани – во 2019 година од него беа продадени 12.371 примерок (за 35% помалку од претходната 2018-та), а за првите десет месеци годинава само 6.020. Тоа го натера Renault да ја смени моторната понуда на овој SUV кој се произведува во Јужна Кореја.

Така сега во гамата е додаден TCe 160 бензинецот со 158 KS во комбинација со седумстепен менувач со две спојки и погон на предните тркала, послабиот дизел е исфрлен а моќноста на посилниот дизел е намалена на 183 KS, кои повторно преку безстепена автоматика се пренесуваат на сите четири тркала. Опременоста е докомплетирана, а цените во Германија позиционирани на 34.410 евра за бензинецот и 38.400 за дизелот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *