Име се создава, не се раѓа
» Во декември 1947-мата Чарлс Купер и неговиот син Џон ја основаат компанијата Cooper Car за да ја официјализираат својата работа започната претходната година – подготвувањето тркачки болиди, за што едноставно ги биваше. Започнаа со формула 3 но бргу стигнаа до формула 1, за каде подготвија болид со мотор зад возачот со што успешно го сменија светот на трките – за само неколку години сите, прво во Европа а потоа и во Америка ја напуштија традиционалната концепција и започнаа да прават тркачки болиди со мотор зад возачот. Во 1959-тата и 1960-тата ги освоија конструкторските, а Џек Бребхем возачките титули, и покрај тоа што беа послаби во однос на директните конкуренти. Компанијата згасна во 1969 година после вкупно 16 победи во формула 1, а легендата за името ја продолжи Mini чија спортска верзија Џон Купер ја креираше во 1961-вата.