Tags: , ,
Audi RS 2 Avant (1994-1995) – фото галерија

За успех треба да му се јавете на Porsche

» Кога беше претставен 1994 година, стана најбрзиот караван во светот и првиот Audi кој ја сруши тогаш магичната бројка од 250 km/h. RS2 Avant ги обединуваше просторот на семејните модели со посебното чувство на возење турбо автомобил, кои заеднички ги искомбинираа Audi и Porsche. Тогаш компанијата поминуваше низ економски тешки времиња  и имаше на располагање вишок развојни и производствени ресурси. Нив мудро ги искористи Mercedes со моделот 500E, така што не претставуваше изненадување кога Audi сакајќи да го подобри својот имиџ со модел кој ќе оди во чекор со BMW M3, се обрати токму на Porsche. А инженерите од Цуфенхаузен навистина добро си ја завршија работата – го засилија веќе силниот 2,2 литарски петцилиндричен мотор по потекло од Audi Quattro на 315 KS, комплет го преработија подвозјето задржувајќи го погонот на сите тркала и додадоа некои елементи од сопствените модели. Резултатот беше чудесен автомобил чија брзина не беше електронски ограничена заради што со леснотија постигнуваше 262 km/h, притоа забрзувајќи до првите 100 за 5,4 секунди.

Сето ова и покрај високата цена од 98.900 марки беше доволно да ги привлече ентузијастите кои знаеја што добиваат – за краткото време кое се произведуваше беа направени 2.891 примерок иако беа планирани 2.200.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *