Tags: , ,
Alfa Romeo 33/2 Daytona (1968) – фото галерија

Предвесник на спортскиот дух на Tipo 33

» Alfa Romeo Tipo 33 настана во ’60-тите како резултат на одлуката италијанскиот производител да се врати на тркачките патеки. Многу амбиции беа вткаени во него, но првата серија едноставно не беше конкурентна. Затоа пак втората го најави потенцијалот на овој модел кој подоцна ќе стане еден од најлегендарните тркачки автомобили во светската историја. Официјално означен како Alfa Romeo 33/2, го имаше истиот 2,0 литарски V8 агрегат со агол меѓу цилиндрите од 90° и максимални 270 коњски сили. Беше замислен за учествување на исцрпувачките трки на издржливоста и сé на него беше подредено на тоа. Првата престижна победа пристигна на 24 часа Дејтона 1968 година каде ја освои класата на трката во која доминираше помоќниот 2,2 литарски Porsche 907. Оттаму го доби и неофицијалниот прекар Daytona. Успесите се редеа а заслугите пристигнаа на 24 часа Леман каде новиот модел со пософистициран 2,5 литарски мотор со 320 KS го освои комплетниот подиум во класата до три литри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *