Tags: , ,
Peugeot 9×8 (видео)

Направен за тркање

» Задвижуван со хибридна енергетска единица со погон на сите четири тркала, овој хиперефикасен прототип совршено се вклопува во стратегијата на Peugeot за нео-перформанси, насочена и кон патните и тркачки автомобили.  Работата на инженерскиот тим на спортското и дизајнерското одделение на францускиот производител се координираше како никогаш порано за да го произведат 9×8 кој ја најавува новата ера во авто-трките. Поради неговите уникатни линии, отсуството на задно крило и моќниот идентитет на брендот се издвојува од другите. Иновативните технички решенија и неговиот мачкаст изглед се истакнуваат како традиционални белези на Peugeot.

Peugeot 9×8 – најновиот кандидат за трки за издржливост на брендот – е директен наследник на 905, победник на 24 часа Ле Ман во 1992 и 1993 година и на 908, кој ја освои француската класика во 2009 година. Новиот прототип е подготвен да го продолжи долгото и успешно учество на производителот во светските авто-спортови со висококонкурентни автомобили кои го имаат моќниот и веднаш препознатлив идентитет на марката.

Името на новиот хиперкар на Peugeot е 9×8 бидејќи „9“ ја продолжува серијата која ја користи производителот за своите неодамнешни тркачки автомобили наменети за трките за издржливост, „x“ се однесува на технологијата на погон на сите тркала и хибридниот погонски агрегат што е олицетворение на стратегијата за електрификација на брендот во светот на авто-трките, а „8“ е суфиксот што се користи за сите сегашни имиња на модели на Peugeot, од 108, 208 и 2008 преку 308, 3008 и 5008 па до 508 кој помина низ рацете на инженерите и дизајнерите кои изработија и 9×8, станувајќи првиот автомобил кој ја носи ознаката на Peugeot Sport Engineered.

Peugeot 9×8 ќе се вклучи во новата Ле Ман хиперкар класа во трките на издржливост со својот 2,6 литарски битурбо V6 мотор со 680 KS засилен со 200-киловатен електромотор-генератор и споен со секвенцијален менувач со седум степени. Моќната, технолошки софистицирана, високонапонска батерија од 900 волти со висока густина се развива заедно со Saft и неговата родителска компанија TotalEnergies.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *