Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>7 март 1916 година

Почеток на една богата и бурна историја

» Историјата на BMW е богата и бурна, на моменти и контроверзна. Како официјален роденден се смета 7 март 1916 година кога беше реорганизирана компанијата за производство на авиони на Густав Ото, синот на пронаоѓачот на бензинскиот мотор Николаус Ото. Наречена Bayerischen Flugzeugwerken, таа на почетокот се занимаваше со производство на авионски мотори а после првата светска војна и со мотори за мотоцикли, земјоделска опрема, предмети за домаќинствата и железнички сопирачки, сé до 1922 година кога кон неа се присоедини компанијата Rapp Motorenwerke, која пак како „мираз“ го донесе и името Bayerische Motoren Werke која таа го употребуваше од 1917 година. Првиот мотоцикл беше направен во 1923 година, а во бизнисот со автомобилите BMW влезе во 1928-мата преку откупувањето на компанијата Fahrzeugfabrik Eisenach која во тоа време лиценцно го произведуваше Austin 7 под сопствената ознака Dixi 3/15 DA-1, кој беше преименуван во BMW Dixi.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *