Tags: , , , , , , , , , , , , , , , , , ,
Кој рано рани…

Колку се доверливи електричните и хибридните возила?

» Цела година му требаше на британскиот What Car? Да ја направи оваа анкета во која беа вклучени 13.000 испитаници, 175 модели стари до пет години од 31 марка. Целта беше сопствениците да го кажат своето мислење за тоа колку нивните возила се доверливи. Но иако беа опфатени секакви возила на британскиот пазар, согласно трендовите од неа ги извлековме само електричните и хибридните. Листата што следи доволно покажува дека народната „Кој рано рани…“ и тука дебело важи – меѓу првите десет половина се модели на Toyota и Lexus, а меѓу првите пет дури четири. Се забележува исто така и дека ниеден друг производител нема два свои модела меѓу најдобрите.

Процентот даден во табелата означува колку време возилото било во возна состојба, на располагање на сопственикот – остатокот до 100% го има поминато на сервис.

  1. Toyota Yaris Hybrid 99,5%
  2. Tesla Model 3 99,4%
  3. Lexus NX Hybrid 99,3%
  4. Toyota RAV4 Hybrid 99,2%
  5. Lexus RX 99,1%
  6. Hyundai Kona Electric 98,5%
  7. Toyota Corolla Hybrid 98,4%
  8. Honda CR-V Hybrid 97,9%
  9. BMW i3 97,9%
  10. Mitsubishi Outlander PHEV 97,8%

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *