Tags: , ,
Mitsubishi Space Star Cross

Видела жабата…

» Иако Mitsubishi официјално сé уште е на ставот да избега од Европа, одвреме-навреме сепак праќа некакви смешно благи сигнали дека можеби и може да остане тука – ако има со што. Најновиот доаѓа во облик на Cross пакет опрема наменет за Space Star, кој наводно треба да симулира SUV пакување за малиот автомобил позициониран некаде меѓу А и Б сегментот. Тешко дека ќе биде супститут за Pajero кој престана да се произведува, ама ако некому му се допаѓа и е подготвен да плати 12.850 евра за него, зошто да не?!

Тој некој сепак треба да живее во Португалија, затоа што Mitsubishi Space Star Cross ќе се продава само таму. А ако комплетот црни пластични елементи околу каросеријата, како и црните ретровизори и вратата од багажникот, малку поголемите тркала од 15 инчи, двобојните предни седишта и можеби уште нешто што ние не можеме да го видиме се покажат примамливи за тамошните купувачи, Space Star Cross можеби во блиска иднина ќе осамне и во другите салони на Mitsubishi низ Европа, ако воопшто остане некој да работи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *