Електрификација и безбедност на возачот
» Тргнувајќи во реализација на јагленородно неутралната иднина, Mazda најави дека ќе ги забрза своите глобални планови за електрификација на гамата кои предвидуваат до 2030-тата четвртина од нејзините возила да бидат електрични, а сите останати електрифицирани во некој облик. Првиот чекор веќе е дефиниран – во наредните четири години ќе бидат претставени вкупно 13 нови електрифицирани модели кои ќе вклучуваат пет хибридни, пет плаг-ин хибридни и три целосно електрични возила. За нив ќе биде наменета новата мултинаменска архитектура, а паралелно ќе се работи и на смалување на емисиите на јагленород диоксид преку развој на напредни технологии за моторите со внатрешно согорување. Еден од новите производи ќе биде и шестцилиндричниот реден агрегат, кој ќе се вградува во возила со погон на задните тркала. За периодот што следи после 2025 година, пак, се развива посебна платформа за електричните возила со различни големини и типови на каросеријата.
Акцент ќе биде ставен и на безбедноста на возачот преку нови напредни сигурносни системи кои ќе групираат разни технологии со автономни својства.