Tags: , ,
Toyota го претстави новиот Land Cruiser (видео)

Големината е битна!

» Како што доликува кога после 14 години се претставува нова генерација на модел кој постои цели 7 децении, Toyota за новиот Land Cruiser предвиде многу новости. Но, една работа остана по старо – големината. Затоа и сега тој и покрај новата платформа е долг пет, широк и висок по два и има 2,85 метри растојание меѓу оските, што дава доволно простор за 8-те патници. Но затоа е за 200 килограми полесен а повеќе ги нема и V8 машините. Тие сега се заменети со покомпактни твин-турбо V6 мотори, 3,5 литарски бензински со 415 KS и 3,3 литарски дизел со 309 KS. Трансмисијата е 10-степена автоматска а погонот на сите тркала со динамичко ослонување. Во подготовка е и GR Sport изведба со уште повеќе сила и подобри асфалтни можности.

Во поглед на дизајнот сé е јасно. Коцкастиот облик е задржан, а масивноста дополнително истакната со големата маска, тенките светла и силно профилираната хауба. Функцијата е пред естетиката и браниците се изведени да не пречат при возењето на терен. Внатрешноста иако луксузна, пред сé е функционална. Задржани се големиот број копчиња, а инструмент таблата е класична, аналогна. Безбедноста е истакната со Toyota Safety Sense сигурносниот пакет кој е засилен со функциите за препознавање препреки и нивно автоматско избегнување. Продажбата ќе започне ова лето, а цените кои нема да бидат ниски, дополнително ќе бидат објавени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *