Tags: ,
Honda го најави Civic хечбек

Уште две недели…

» Со затемнети фотографии на силуетата, Honda ja најави хечбек верзијата на Civic која ќе биде претставена за две недели, поточно на 24 јуни среде ноќ по наше време. Исто како и седанот, и оваа изведба на Civic ќе има позрел дизајн од сегашната генерација. Јасно, главните односно единствените разлики што треба да ги очекуваме во споредба со него се на задниот дел. Ќе има и уште една разлика – како и седанот ќе се произведува во Америка, но во фабриката на Honda во Индијана. Ова е прв пат хечбек верзијата на Civic да се произведува таму – досегашната генерација се произведуваше во фабриката во Свиндон, Велика Британија, која на 1 јули ќе биде затворена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *