Tags: ,
Alfa Romeo Stelvio Limousine

Диско на тркала

» Кога ќе се спомене лимузина, се помислува на ултра продолжен Lincoln, Cadillac или нешто слично, но не и на Alfa Romeo. Но, очигледно во светот постојат луѓе кои токму тоа го сакаат. За некого ова е скрнавење на името на италијанската марка, но не и за одговорните на компанијата Pinnacle Limousine Manufacturing кои го преработија спортскиот Stelvio во лимузина за свадби, ергенски и момински вечери и слични настани чија единствена цел е забава до онесвестување. Рака на срце, тие се потрудија ова нивно дело да биде вредно сите 99.000 долари колку што му бараат. Внатрешноста во која собира 12 луѓе е диско на тркала со ентериер кој ги менува боите. Луксузот граничи со добриот вкус, но техниката сепак е на некое ниво – покрај со моќното озвучување со блутут командување, кабината е опремена со видео надзор кој го спроведува возачот, за да не тргне нешто како што не треба. Како капак на сé, тука се и задните врати кои се отвораат нанагоре, како крилја на пеперутка. Па, ако ви се допаѓа…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *