» ,
Kia Sorento триумфира во изборот за награди за дизајн на Red Dot и iF Award

Новата електрифицирана генерација на Sorento освои две награди

» Новиот Kia Sorento кој досега повеќе пати беше наградуван, освои уште две глобално реномирани награди. Водечкиот SUV на Kia е добитник на наградите Red Dot и iF Award за дизајнот на производот. Со овие последни признанија, марката Kia ја продолжува својата извонредна серија на успеси во двете конкуренции. Soul беше првиот модел што доби Red Dot во 2009 година, а во текот на годините, уште 26 модели на Kia ја добија посакувана „црвена точка“. Во натпреварите за iF Award, бројот на наградувани возила на Kia се искачи на вкупно 21 со новиот Sorento.

Наскоро по премиерата минатата година, новиот Sorento беше почестен за неговиот извонреден дизајн во натпреварот за „Автомобил со погон на сите тркала за 2020 година“ од Auto Bild Allrad. По кратко време, ја доби најважната германска автомобилска награда, „Златен управувач 2020“ во класата „Големи SUV изведби“, а во март годинава беше изгласан за „Светски автомобил на жените за 2021 година“ во категоријата „Голем SUV“. Новата генерација на Sorento е создадена помеѓу двете дизајн студија на Kia. Карим Хабиб, раководител на центарот за глобален дизајн, коментира: „Кога го дизајниравме новиот Sorento, се обидовме да ја развиеме робусната естетика на претходните генерации притоа применувајќи поголем степен на префинетост и елеганција. Навистина, концептот на „рафинирана смелост“ го инспирираше целиот процес – со резултат да биде зрел и избалансиран, но и сигурен дизајн. Воодушевени сме што престижните награди како Red Dot и iF го препознаа ова дело“.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *