Уште три 3 месеци екстра…
» Желно очекуван, помалиот SUV на Alfa Romeo никако да стигне до својата премиера. Концептот Tonale го видовме пред точно две години на салонот во Женева, кога и проструи никогаш непотврдената информација дека сериската верзија ќе се појави во првата половина од оваа 2021 година. Во меѓувреме овој неофицијален термин се помести за есенва, а сега се дознава дека на сето тоа ќе бидат додадени уште три месеци и на Tonale ќе се чека до почетокот на 2022 година. Причината за ова наводно е тоа што новиот директор на Alfa Romeo Жан-Филип Импарато кој дојде од Peugeot, не задоволен од неговите перформанси го вратил на доработка. Јасно, и овие информации чиј извор се добавувачите на компоненти за идниот модел, не се потврдени.