Tags: , ,
Среќен билборд среќа носи

Можеби е до билбордот, но можеби и до автомобилот

» Еден возач на BMW M2 во Минхен на полош начин откри што значи пораката на билбордот, поточно бетонскиот рекламен столб што го гледате на сликата – оние кои разбираат германски сфаќаат за што зборуваме, а за другите ќе кажеме дека Ganz glücklich во превод на нашки е – многу среќен. А 23-годишниот возач навистина имаше среќа бидејќи помина без никакви повреди после оваа блиска средба со бетонскиот столб со рекламната порака што носи среќа. Дури и повеќе бидејќи според соопштението на противпожарната служба на баварскиот главен град која му помогнала во несреќата, тој без никаков проблем излегол од смачканото возило кога брзајќи да ги фати последните секунди од зеленото светло изгубил контрола над 405-те коњски сили на своето BMW.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *