Tags: ,
Со новата Mokka легендарната молња добива поинаков сјај

Нова ера, нови модели, ново лого

» Новата генерација на Opel Мokka храбро зачекорува во нови дизајнерски полиња, и тоа не едно туку повеќе. Тоа е првиот модел со Opel Vizor преден дел како идно лице на брендот и целосно дигиталниот Pure Panel кокпит на иднината. Но дизајнерската екипа со Марк Адамс на потпретседателската функција не застана тука – легендарното лого на брендот исто така е преработено и ќе ги краси сите претстојни модели на германскиот производител. „Околниот прстен сега е потенок, поелегантен, попрецизен и поизразен. Ова уште повеќе ја нагласува молњата“, вели Марк Адамс. „Сите детали се супер остри со многу мал радиус. Opel-овиот фонт е интегриран во долниот дел на прстенот, како фино гравиран накит. Ја интегриравме молњата видливо во Vizor и го средивме централно на името на моделот одзади“.

Молњата во круг ги краси сите автомобили на Opel од 1963 година. Во зависност од моделот и годината на производство, со текот на времето амблемите претрпуваат само мали измени. После 1970-та овој корпоративен дизајн беше за прв пат ревидиран во 1987 година, а од 2016 година моделите на Opel се украсени со прецизно извајана хромирана молња. Официјалното лого на компанијата беше дизајнирано во модерна рамна форма во летото 2017-тата. Редизајнираната молња за идните возила сега совршено се вклопува во лого поприкладно за дигитална комуникација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *