Не, ќе го нема во Европа
» Пред да почнеме да го опишуваме, да дадеме одговори на прашањата што ќе ги поставите. Првиот е дека Urban Cruiser не е наменет за Европа, туку само за Индија и ретки други пазари, како Јужна Африка, на пример. Вториот е дека нема врска со истоимениот модел што Toyota го продаваше од 2008 до 2014 година, туку дека се работи за ребрендирана верзија на Vitara Brezza, кој е прв модел на Suzuki конструиран во Индија кој не ги носи ознаките на Maruti. Тој е уште еден резултат на соработката меѓу двете компании благодарејќи на која Suzuki во Европа ќе ги продава RAV4 и караванската Corolla како Across и Swace, а таму некаде моделите на Suzuki се продаваат под ознаките на Toyota. Тоа значи и дека овој модел се разликува од оригиналот само по дотераниот преден дел – сé друго е исто, вклучувајќи го 1,5 литарскиот бензинец со 105 KS. Долг е точно четири метри и има меѓуоскино растојание од 2,5 метри, а на купувачите ќе им се нуди со повеќе опции за персонализација.