Tags: , ,
Во Босна изречена најголемата можна казна – полицијата му заплени Golf 2 (со видео)

Ако нешто некого може за заболи, тоа е ова

» Кратко соопштение од добојската полиција покрена лавина реакции – сите оправдани, од каде и да стигнуваат. Имено, се работи за извесен Ѓ.Ѓ. кој со години правел сообраќајни прекршоци, ама не ги плаќал казните за нив. Сега конечно раката на правдата го стигнала, а таа согласно законите на Босна и Херцеговина, му го запленила автомобилот, но не било кој, туку Volkswagen Golf 2. Да беше било што друго веста ќе беше обична – не плаќал навреме, сега му дошло ред да плати, ама кога се работи за легендата, посебно за тие простори, тогаш таа добива друга конотација кој не може да ја сфати никој кој не живее тука, каде ветерот поинаку ни дува меѓу ушите. Таквите дури би кажале дека споменатиот Ѓ.Ѓ. одлично поминал, бидејќи својот (пра)стар Golf кој којзнае што низ Босна поминал во својот живот го трампал за 13.955 конвертибилни марки, односни околу 7.000 евра, што сите ќе признаат, е одлична цена – но само доколку се продава за кеш, а не компензира за неплатени казни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *