Tags: , , ,
Премиера: Mercedes EQA <br/>(мега-галерија, 157 фотографии)

Електричен атлет во компактна форма

» По поголемиот EQC и моноволуменскиот EQV, Mercedes го претстави и EQA, третиот од десетте планирани електрични модели кој е базиран на GLA. Единствената верзија која засега ќе биде понудена во продажба ќе има погон само на предните тркала и електромотор кој развива 190 KS и 375 Nm вртежен момент кои ќе му овозможат забрзување од 0 до 100 km/h за 8,9 секунди, додека максималната брзина ќе биде ограничена на 160 km/h. Ќе доаѓа со батерија со искористлив капацитет од 66,5 kWh која според WLTP нормите ќе му овозможи автономија од 426 km. Времето на полнење од 10% до 100% на куќен полнач од 11 kW трае 5 часа и 45 минути, а до 80% на брз еднонасочен полнач 30 минути. Ќе следат и посилни и верзии со погон на сите тркала и поголема автономија.

Дизајнерски се разликува од GLA по црната панел-маска која е препознатлив детаљ на Mercedes-EQ моделите и светлосните ленти, на предниот од оптички влакна со која се поврзани дневните светла, а назад LED. Внатрешноста е препознатливо уредена во класичен Mercedes-ов стил со големи екрани. Во продажба ќе се најде напролет, по цена која во Германија, без субвенции, стартува од 47.500 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *