» , ,
Готово е, FCA и PSA се здружија

Кој е Stellantis?

» Кои се Fiat и Peugeot знаеме доста добро, но кој ќе биде Stellantis кој ќе настане со нивното здружување, за што денес акционерите на двете компании дадоа согласност? Еве неколку факти:

  • Настаната со здружување на PSA и FCA, новата компанија со пазарна капитализација од околу 44 милијарди евра ќе има седиште во Холандија
  • Позитивно за спојувањето на PSA и FCA се изјаснија преку 99 отсто од акционерите на двете компании
  • Официјалното здружување на FCA и PSA формално ќе се случи на 16 јануари, а веќе од 18 јануари акциите на Stellantis ќе котираат на берзите во Милано и Париз, а наредниот ден и во Њујорк
  • Под капата на Stellantis ќе делуваат 14 автомобилски марки со годишна продажба од 8 милиони возила, приходи од 180 милијарди евра и профит од 10 милијарди, базирано на податоците од 2019-ата
  • Генерален менаџер на компанијата со петгодишен мандат ќе биде досегашниот прв човек на PSA Карлос Таварес, а претседател Џон Елкан, пра-правнукот на Џовани Ањели
  • Најголеми акционери во Stellantis ќе бидат семејството Ањели со 14,4% учество, потоа семејството Пежо со 7,2%, француската влада со 6,2 и кинескиот Dongfeng со 4,5%
  • Се очекува спојувањето да донесе годишни заштеди од 5 милијарди евра

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *