Tags: , ,
Уште една најава за новиот Nissan Qashqai (видео)

Новиот Qashqai пристигнува на 18 февруари

» Подготовките за претставување на третата генерација на компактниот кросовер кој го промени изгледот на европскиот пазар привршуваат – сé е подготвено новиот Qashqai на 18 февруари да зачекори пред јавноста. Него Nissan го замисли и изведе земајќи ја предвид неговата позиција како пионер и референтно возило во сегментот на кросовери со средна големина во Европа кој сам го креираше во 2007 година. Основа му е новата CMF-C платформа на алијансата, а ќе се одликува со истите основни принципи како и претходните генерации – елегантен дизајн и ефикасни погонски склопови. Што сé ново ќе донесе, ќе дознаеме за некој ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *