Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>27 декември 1945 година

Честит роденден, легендо!

» Замислен и конструиран во 1939 година за масовна моторизација на нацијата, германскиот народен автомобил тогаш не ја доби својата шанса. Капацитетите на новата фабрика во сегашен Волфсбург беа пренаменети за воено производство, така што до крајот на втората светска војна беа направени само 630 примероци кои беа поделени на високи партиски функционери и армиски офицери како лични возила. Вистинското сериско производство започна на 27 декември 1945 година. Судбината на овој автомобил официјално наречен Volkswagen Typ 1, ја одреди нарачката од 20.000 возила која ја направи британска воена влада во август 1945 година и практично ја обезбеди иднината на постројките кои имаа претрпено големи штети. Легендарната Буба е втор најпродаван модел во историјата на автомобилите. Во 1945-та година беа произведени 55 примероци, а наредната ’46-та по околу илјада месечно кои не беа доволни за да се задоволи побарувачката бидејќи проблеми во производството создаваше недостатокот на материјали, енергија и работна рака. Volkswagen во 1947 година воспостави мрежа за продажба и сервисирање, по што започна со извоз. До 1955 година беа произведени милион примероци, а до 2003-тата кога последниот се симна од монтажните ленти на фабриката во Мексико, точно 21.529.464.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *