» , ,
Тоа е прав газда!

Маките на Ford со Форд

» Времето тече, се ближи моментот кога официјално треба да биде лансиран, а Ford не може да дојде до еден од прототипите на Mustang Mach-E кој им треба. Причината е што на почетокот на октомври го земал да го проба претседателот на компанијата Бил Форд, кој не сака да го врати. Досега сите убедувањата на дизајнерските и производствените тимови на Ford биле попусти – електричниот кросовер толку му се допаднал на газдата што не сака да се одвои од него!

А дека има право да се однесува така, има – како претседател на Ford Motor Company, Вилијам Клеј Форд Јуниор ги претставува интересите на семејството Форд кое поседува само 2% од компанијата но има 40% од гласачките права во управниот одбор. Тој е правнук на Хенри Форд и Харви Фајерестоун, основачите на Ford и Firestone.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *