Tags: ,
Итниот коридор е повеќе од сообраќајна култура (видео)

Итниот коридор спасува животи

» Кај нас непознат а во некои земји дефиниран со закон, итниот коридор спасува животи. Зголемувањето на сообраќајот на жалост резултира и со зголемување на бројот на несреќи. Во такви ситуации  важно е возилата на итната помош, полицијата и пожарникарите што побрзо да стигнат до местото на несреќата. А тоа претставува проблем кога токму заради несреќа сообраќајот е запрен. За да им се овозможи на итните служби да реагираат и да им помогнат на настраданите во несреќата, треба да им се овозможи на нивните возила да поминат низ застојот. Тоа се прави со формирање на итен коридор така што возилата кои се наоѓаат на левата лента се поместуваат колку што можат полево, а оние на десната лента подесно. И тоа мора да го сторат сите – едно возило ако не се помести, итната служба нема да може да помине а со тоа и да спаси нечиј живот. За побрзо нормализирање на сообраќајот итниот коридор го користат и возилата на влечните служби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *