Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>25 јуни 1956 година (2*видео)

Му пресуди големата детроитска тројка

» На денешен ден 1956 година од фабриката на Packard во Детроит која своевремено беше најсовремена во светот, излезе последниот автомобил од марката чие име и ден-денес се изговара со почит. Својот пат низ автомобилската историја Packard го започна пред крајот на 19-тиот век, брзо етаблирајќи се како престижен производител на возила. Тој статус кој го задржа меѓу двете војни започна да го губи после 1945 година, за во пресудниот момент картите да бидат погрешно измешани и славната компанија која остана надвор од детроитската голема тројка остана и без средства за продолжување на битката со неа. Не помогна ниту здружувањето со уште едно славно американско име – Studebaker, што всушност испадна дека е погубна стратегија за спасување на марката. Голема штета, бидејќи во некој поправеден свет Packard денес би требало да биде во ранг со Lincoln, Cadillac, Lexus па дури и Mercedes.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *