Tags: , , , ,
Германска ракета: 900 KS за 330 km/h (видео)

Бројката кажува сé

» Германскиот тјунер Brabus е познат по тоа што во ознаката на своите преработки на Mercedes и придружните марки става бројка која го означува бројот на коњски сили, затоа и не треба да кажуваме колку е моќен Rocket 900. Како основа послужи AMG GT 63 S 4Matic+, чиј V8 твин-турбо мотор има работна зафатнина зголемена на 4,5 литри. Електрониката е репрограмирана, а додадени се и нови турбо компресори, титаниумски издувен систем и уште дузина технички финеси, со кои покрај 900-те коњски сили испорачува и 1.250 Nm максимален вртежен момент.

Сметајќи дека тоа е премногу, за да се заштитат механичките компоненти во Brabus решија електронски да ги ограничат на 1.050, кои се доволни за забрзување од 9,7 секунди ама до 200 – до 100 km/h стигнува за само 2,8, а до 300 за 23,9 секунди. Ограничена е и максималната брзина – на 330 km/h. Колку ќе постигне без ограничување не кажуваат – треба да бидете еден од десетте што ќе можат да го купат и да платат 427.000 евра за него. Во пакетот со коњските сили и њутн-метрите доаѓа и аеро-кит од јагленородни влакна, тркала од 21 и 22 инчи напред/назад, за 25 mm пониско ослонување, ентериер облагороден со кожа, алкантара, детали од карбон, прагови со осветлување, но и маска со логото на Brabus – да се знае!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *