Дали SSC Tuatara е најбрзиот автомобил на планетата?
» Не е тајна дека компанијата SSC одамна му го има фрлено пикот на рекордот на Bugatti за најбрз автомобил во светот, но сé уште е тајна дали Tuatara навистина стана тоа. Информацијата ја лансираше еден локален медиум од Невада кој во јавноста пушти вест дека на истото место каде Koenigsegg во 2017 година го постави брзинскиот рекорд, болидот на SSC постигнал повеќе. Да потсетиме, Agera RS ова парче пат во 2017-тата го помина со просечна брзина од 447 km/h, притоа постигнувајќи максимални 457 km/h. Подоцна оваа бројка Bugatti со Chiron ја корегираше на 490 km/h.
SSC официјално не го потврди ова, изјавувајќи само дека Tuatara со своите 1.750 KS е способна за такво нешто.