Tags: , , , , , , , , ,
Peugeot 108 и Citroen C1 одат во пензија

Тактички потег на PSA пред здружувањето со Fiat

» Откако ги продадоа своите акции во заедничката компанија со Toyota во Чешка во која се произведуваат Peugeot 108, Citroen C1 и Toyota Aygo, Французите решија да запрат со производството на своите најмали модели и да повлечат од овој сегмент. Овој потег очигледно е стратешки за да му се остави пазарен простор на Fiat пред спојувањето, иако продажбата на моделите од А-сегментот во Европа се намалува веќе неколку години, а со тоа и нивната исплатливост која и онака не беше голема. Токму од таа причина PSA и Toyota пред 18 години заеднички влегоа во развој и производство на овие модели, но сега ситуацијата на пазарот драстично е променета.

Од PSA официјално не ги коментираат наводите, оставајќи простор 108 и C1 да бидат заменети со нови модели базирани на архитектурата на Fiat, што сега со појавувањето на електричниот 500 е сосема реална можност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *