ЕУ ќе одлучи за Stellantis до 2 февруари идната година
» Антимонополските регулаторите на ЕУ објавија дека до 2 февруари ќе одлучат дали ќе го одобрат спојувањето на PSA и FCA. Процесот на одлучување беше во мирување два месеца заради изразените сомневања дека на пазарите во 14 земји на ЕУ ќе се наруши конкурентноста во класата лесни доставни возила. Тој продолжи откако Французите доставија предлог со кој се утврдува поголемо производство на возила што ќе ги продава Toyota, која во овој случај е нивни конкурент.
Со спојувањето на Fiat Chrysler и PSA светот ќе го добие четвртиот најголем производител на автомобили. Токму комерцијалните возила се еден од носечките столбови на стратегијата за раст на идната заедничка компанија Stellantis која веќе е основана со седиште во Холандија. Таа треба да биде котирана на берзите во Милано, Њујорк и Париз, а под нејзина капа ќе делуваат 14 бренда – Peugeot, Citroen, DS, Opel, Vauxhall, Fiat, Alfa Romeo, Lancia, Maserati, Abarth, Chrysler, Dodge, Jeep и Ram.
коментари