Tags: , ,
Претставен првиот Volkswagen со знакот на Ford (видео)

Прв заеднички модел на VW и Ford

» Договорот за соработка кој Ford и Volkswagen го потпишаа пред повеќе години го доби својот прв конкретен резултат – новиот Tourneo Connect кој не е ништо друго освен ребрендирана и благо рестилизирана верзија на Caddy. Дел од корисниците на овие возила ќе кажат дека во тоа нема ништо лошо, посебно оние кои досега не биле купувачи на Ford. Друг дел, пак, ќе бидат разочарани затоа што овој модел во својата доставна верзија Transit Connect беше за скалило над конкуренцијата од Peugeot, Renault, донекаде Fiat и сигурно над VW. Како и да е, и едните и другите можат да заборават на тоа што Transit/Tourneo Connect бил досега, бидејќи во иднина тој ќе биде Caddy со друг амблем на носот.

За овој модел да се вклопи во гамата на Ford изменети се изгледот на предниот дел и малку внатрешноста. Други позначајни измени не се забележуваат, ниту во дизајнот ниту во механиката. Тоа значи дека Tourneo Connect (за Transit Connect сé уште не се знае ништо) ќе биде достапен со кратка и долга каросерија со 5 или 7 седишта. Разликата меѓу нив е 35 сантиметри и 3,1 место 2,6 кубни метри простор за товар. Ќе биде задвижуван со 1,5 литарски турбо бензинец со 114 KS или пак дволитарски дизел со 102 и 122 KS, во комбинација со мануелен или автоматски менувач и погон на предните или сите четири тркала. Погледот дури и летимичен на овие бројки јасно кажува за потеклото на механиката на овој модел, чии цени и почеток на продажбата не се објавени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *