Доминантен спортски изглед и уникатен ентериер
» Stonic GT Line во прв план ги истакнува спортските елементи. Внатре и надвор доминираат карактеристики на дизајнот на GT Line, а како и другите изведби во поставата на Stonic, новитетот исто така нуди можност за прилагодување со нови двобојни надворешни опции. Емилио Херера, главен оперативен директор на Kia Motors Europe, вели: „Stonic има голем успех за Kia во Европа уште од почетокот на продажбата во 2017 година. Во 2019 година тој стана наш четврти најпродаван модел во Европа. Stonic е посакуван од помладата генерација, а новата GT Line изведба ги има најдобрите карактеристики, нудејќи дизајн инспириран од најмоќните автомобили во нашата постава. Очекуваме GT Line верзијата дополнително да ја подобри продажбата на Stonic“.
Надворешност инспирирана од GT моделите на брендот
Надворешниот дизајн на Stonic GT Line е инспириран од моќните GT модели на Kia – Stinger, Ceed GT и ProCeed GT. Ова се манифестира во нов дизајн на предниот и задниот браник. Предниот браник е подобрен со интегрирани LED светилки за магла, три влезови за воздух на предниот дел на автомобилот и метална решетка по долниот раб. Предната маска добива и нова подобрена завршна обработка, додека капачињата на ретровизорите се во високо сјајна црна боја. Понатаму, моделите GT Line се опремени стандардно со нови целосни LED светла, создавајќи карактеристичен потпис на моделот. Задниот дел има поистакнат заден браник кој се разликува од другите верзии на Stonic, а истиот е дополнет со отвори кои имитираат две издувни цевки и заден дифузер.
Како и кај постојните варијанти на моделот, прилагодувањето останува клучна точка на привлечност за Stonic GT Line. До денес една третина од сите модели на Stonic имаат двотонска завршна обработка на бојата, а GT Line им го нуди истиот избор на возачите. Во зависност од пазарот, купувачите можат да изберат до 15 комбинации на бои за каросеријата. Моделот GT Line ги проширува овие опции дополнително, со нагласување на трите влезови на воздухот на предниот браник што одговараат на бојата на покривот. Сите модели на Stonic GT Line се опремени со 17-инчни алуминиумски тркала.
Уникатни ажурирања на ентериерот
Надградбите во внатрешноста на Stonic GT Line исто така го прават моделот да се разликува од останатите изведби. Најочигледна модификација е облогата со ефект на јаглеродни влакна на таблата, завршница уникатна за моделите на GT Line. Седиштата се со зајакнати страници и се во комбинација од црна ткаенина и кожа со контрастни шевови во бело, понатаму возачите ќе се сретнат и со нов волан обложен со перфорирана кожа и рамно дно, а тука е новиот 4,2-инчен дигитален дисплеј поставен на инструмент таблата.
Во центарот на контролната табла се наоѓа голем 8-инчен инфо-забавен систем со екран на допир што ја подобрува поврзаноста и контролата на возилото. Новиот инфо-забавен систем се нуди со избор на Display Audio или опционалната Satellite Navigation технологија во зависност од спецификацијата на возилото. Системот им овозможува на корисниците да поврзуваат со два мобилни уреди истовремено – еден за употреба на телефон додека другиот за навигација. Исто така, најголема новост е безжичната конекција со Apple CarPlay и Android Auto.
Производството на Stonic GT Line започнува со производство во октомври, а европската продажба започнува во текот на последниот квартал од 2020 година.