Tags: ,
Освежена Nissan Navara за 2021-ва

Сега и со нова Pro-4X варијанта

» Актуелната трета генерација на Nissan Navara доби серија измени и важни подобрувања со кои значително се дистанцира од моделот во заминување, не само во дизајнот. Ревидираниот преден дел на овој пикап сега му дава попретставителен изглед со помасивната маска, парот нови би-ЛЕД светла и поагресивниот браник. Ажурирани се и задните светла и вратата на товарниот дел, додека внатрешноста е само благо помодерна, главно заради содржината.

Најбитните измени не се гледаат и се содржани преку низата стандардни карактеристики на интелигентната подвижност – системите за предупредување за судир, сопирање во итни случаи, камерите со комплетен поглед наоколу вклучувајќи го и теренскиот монитор кој проверува дали има блиски пречки при мала брзина кога возилото се наоѓа во режим на погон на сите четири тркала и друго. Засилената задна оска ги зголеми носивоста и волуменот на товарниот простор, а сменет е и системот за управување кој сега дава подобар одговор и го подобрува маневрирањето при мали брзини.

На врв на понудата е поставена новата Pro-4X варијанта опремена со стилски пакет наменет за љубителите на авантурите и сите оние кои сакаат да избегаат од секојдневната рутина. Погонските агрегати остануваат исти и зависат од регионот каде се продава – за Европа тоа треба да бидат 2,3 литарските дизели со 163 и 190 KS, што допрва треба да биде потврдено. Исто така ни детали за цените не се објавени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *