Дедо Мраз им донесе убав подарок на PSA и FCA
» PSA групата и Fiat-Chrysler ја надминаа најголемата пречка за нивно спојување – малку порано од предвиденото европска комисија го даде својот антимонополски благослов. Засега условно, со обврска новиот производител на возила кој ќе биде четврти по големина во светот да го испочитува ветеното во врска со лесните комерцијални возила. Како што знаеме, пречка беше дека со спојувањето, возилата од оваа класа што ќе ги продаваат Peugeot, Citroen, Opel и Fiat ќе имаат пазарно учество од 34% со кои далеку ќе ги надминат Renault, Ford (и двете марки со по 16%), Volkswagen со 12 и Daimler со 10 проценти, со што ќе се наруши конкурентноста на пазарот, заради што процесот на одобрување беше привремено запрен. Како одговор на тоа Французите доставија бизнис-план според кој PSA ќе ѝ понуди на Toyota (која ги продава истите тие возила под своите ознаки) нови услови за соработка – поголеми квоти за производство и пониски цени на возилата, резервните делови и опремата. Stellantis се обврза и на конкуренцијата да им обезбеди пристап до мрежата за поправки и одржување, што би им помогнало на новите компании во пазарното ширење.
Според утврдената динамика, наречен чекор во спојувањето на двете компании е одржувањето на засебни акционерски собранија закажани за 4 јануари, на кое акционерите би ја дале својата формална согласност. Планот е целиот процес за спојување на FCA и PSA да заврши во првиот квартал идната година, а желбата на раководствата на компаниите е тоа да се случи до крајот на јануари.