Tags: ,
ARO 10 (1980-2003)

Dacia Duster од минатиот век

» Потврдувајќи ја успешната приказна за трансформацијата на романскиот производител, Dacia Duster брзо стана глобално популарен модел. Но дури и денес малкумина знаат дека возило со истото име постоеше уште во времето на Чаушеску. И тоа беше исто така глобално популарно бидејќи во социјализмот компанијата ARO која го произведуваше извезуваше 90 отсто од својата продукција. Меѓу другите земји и во Велика Британија, каде моделот со едноставна ознака ARO 10  беше пласиран токму како Dacia Duster. За жал, оваа компанија немаше така успешна приказна како Dacia.

ARO што е кратенка од Auto Romania беше првиот романски производител на автомобили, поточно теренски возила. На почетокот тоа беа лиценцно произведувани варијации на советскиот GAZ-69, за на почетокот на седумдесеттите на сцена да стапи помодерниот теренец од серијата 24 од сопствена конструкција. Тој во 1980 година доби помал брат – моделот за кој зборуваме. ARO 10 имаше многу заеднички компоненти со Dacia 1300 – од моторот до предната оска. Беше инспириран од Renault Rodeo и Citroen Mehari, а се произведуваше во повеќе каросериски варијанти, со должина од 3,9 до 4,8 метри и погон на една или двете оски.

Во различни периоди на неговото постоење и за различни пазари во него се вградуваа различни мотори. Покрај во Романија се произведуваше и во Италија, а се продаваше во многу земји, и источни и западни. Во текот на своето постоење ARO ги има извезувано своите возила во вкупно 110 држави. Производствените бројки никогаш не биле големи – за скоро половина век постоење се направени само 380 илјади возила, за својот крај компанијата да го дочека во 2006-тата после скандал со нејзината приватизација која требаше да ги однесе возилата и на американскиот пазар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *