Tags: , ,
Volkswagen Golf I (1974-2009) – фото галерија, 114 фотографии

Историја која сé уште е сегашност

» Има ли смисла да се раскажува историјата на Volkswagen Golf, кога самиот тој ја пишуваше? Можеби не, но ние сепак ќе ја раскажеме. Успехот што ја следеше Буба направи таа да има долг живот, но и постави високи очекувања од нејзиниот наследник. На него Германците сериозно започнаа да работат дури во текот на шеесеттите, кога Буба полека започна да ги покажува своите години. Не можеа многу да се ослонат на големиот број експериментални прототипи направени во меѓувреме, ниту пак на поголемите Typ 3 и Typ 4 кои во голема мерка ја имаа истата концепција со воздушно ладени мотори сместени назад. И додека тие беа пребирливи, продажбата на Буба се намалуваше, а профитот на Volkswagen топеше.

Клучните моменти се случија во 1969 година, кога Volkswagen го купи NSU и во пакет доби веќе развиен модел со погон на предните тркала кој идната година се појави под знакот на VW како K70 и кој послужи како техничка основа за Golf. Истовремено тогашниот директор на компанијата Курт Лоц на салонот на автомобилите во Торино забележал дека меѓу шесте автомобили кои најмногу му се допаднале, четири биле дело на Џорџето Џуџаро и неговото студио Italdesign. Го поканил во Волфсбург каде тој веднаш се зафатил за работа. Пристапот што го имал толку им се допаднал на Германците, што во меѓувреме пред Golf им ги нацртал уште и Passat и Scirocco.

Појавувањето на Golf во 1974 година беше вистинска сензација. Иако и дизајнерски и концепциски беше сушта спротивност на Буба, стручната јавност и купувачите веднаш го препознаа неговиот потенцијал. Заради нафтената криза стартот на продажбата беше со два мали мотори – 1,1 литарски со 50 и 1,5 литарски со 70 коњски сили. Во 1976 година доби 1,5 литарски дизел со 50 коњи, а се појави и GTi верзијата со 1,6 литарски мотор со 110 KS. Истата година започна да се продава во САД каде беше наречен Rabbit. Дотогаш од него веќе беа продадени повеќе од милион примероци, а вкупно од целата прва генерација дури 7 милиони примероци. Освен во Германија се произведуваше уште и во Југославија, Белгија, САД, Мексико, Малезија, Австралија, Нигерија и Јужна Африка, од каде последниот примерок се симна од фабричките ленти во 2009 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *