Tags: , ,
Lamborghini Jalpa (1982-1988) – фото галерија

Претходникот на Gallardo

» Lamborghini Jalpa беше претставен на салонот на автомобилите во Женева во март 1981 година. Овој модел всушност е финално поглавје на проектот Urraco-Silhouette, или како од Сант’Агата Болоњезе велат последна еволуција на концептот на гран-туринг лимузина со мотор поставен назад. Линиите со тарга покрив пристигнаа од Bertone, а најзначајна техничка иновација беше конечната еволуција на V8 моторот под 90° направен во целост од алуминиум, со четири брегасти оски. Со зголемување на пречникот на цилиндрите работна зафатнина му порасна на 3.485 cm³, а со четирите двојни Weber карбуратори остваруваше 255 KS при 7.000 вртежи во минута кои овозможува Jalpa да постигне максимална брзина од 248 km/h.

Прототипот на Jalpa изложен во Женева има посебна приказна. Како основа послужи еден примерок на Silhouette, кој останал непродаден и Италијанците решиле да го искористат. Заради тоа има и некои единствени естетски карактеристики кои не се среќаваат кај серискиот модел. Каросеријата беше челична, браниците и всисниците за воздух за моторот црни, задните светла хоризонтални  а тркала 16-инчни алуминиумски со нископрофилни Pirelli пневматици. Внатрешноста беше луксузно обработена, со голема употреба на кожа и теписи. Покривот кој е конструиран да може лесно да се извади и повторно врати, се чуваше во посебен простор зад седиштата.

Во 1994 година исто во Женева беше претставена втората серија на Jalpa со некои естетски модификации, како што се браниците и всисниците за воздух во боја на каросеријата, заоблените задни светла и преуредената внатрешност. Комерцијалниот живот на Jalpa заврши 1988 година после произведени 420 автомобили. До појавувањето на Urus беше последниот Lamborghini со V8 мотор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *