Наследник на наследникот
» Втората генерација на Golf беше претставена 1983 година на салонот на автомобилите во Франкфурт. Иако првата генерација беше одлично примена меѓу купувачите, Volkswagen одлучи уште повеќе да ја подобри. Најмногу во димензиите – должината порасна за 170 mm, ширината за 55 а висина за 5 mm. Меѓуоскиното растојание беше продолжено за 75 mm, трагите на тркалата напред за 23 а назад за 50 mm, додека тежината се искачи за 120 kg. Дизајнерски доби помеки но многу слични линии, а технолошки со текот а годините се подигнуваше на сé повисоко ниво. Така, Golf доби катализатор, ABS, серво управувач па дури и погон на сите тркала во верзијата Syncro која беше подготвена во соработка во австрискиот Steyr-Daimler-Puch, во чии погони и се произведуваше. И не само тоа – беа развиени и електрична и дизел хибридна верзија.
Моторната понуда беше унапредена. GTi верзијата имаше 1,8 литарски мотор на почетокот со 112 а нешто подоцна и со 137 KS, а беше претставена и уште помоќната компресорска G60 верзија со 160 коњи. Основната понуда беше 1,3 литарскиот бензинец со 55 и една коњска сила послабиот 1,6 литарски дизел. До крајот на неговата кариера во 1992 година Volkswagen претстави педесетина различни верзии на втората генерација на Golf, од кои најмоќната имаше 210 коњи и постигнуваше 230 km/h. Volkswagen произведе 6,3 милиони примероци од Golf втора генерација, од кои околу 150.000 во TAS Сараево.