Имаа дури и сопствен тим во формула 1
» Заради дистанцата што во секој поглед нé дели, ретко кој од нас слушнал за аргентинскиот автомобилски клуб ACA, што е кратенка од Automovil Club Argentino, но тој е еден од постарите и поактивните во светот. Неговите темели ги постави Далмиро Варела Кастекс, човекот кој уште во 1892 година го довезе првиот автомобил во Аргентина, Daimler, а две години подоцна и вториот од марката De Dion-Bouton. Токму на негова иницијатива во 1904-тата беше основан аргентинскиот автомобилски клуб кој низ историјата ќе биде покровител на многу спортски натпревари, како на пример легендарната трансконтинентална трка низ Јужна Америка на која талентот го покажуваа Фанџо и браќата Галвез. После втората светска војна со издашна државна помош ги доведуваат најдобрите светски возачи во Аргентина но и ги финансираат настапите на домашните тркачи во Европа, меѓу другите и под закрила на формула 1 тимот Scuderia Achille Varzi.