Tags: ,
AC (2*видео)

Легендарна британска марка со многу сопственици

» Историјата на AC датира уште од крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век кога браќата Велер основаа работилница за поправка на автомобили и мотоцикли. Немирниот и иновативен дух не ги оставаше намира и тие започнаа да конструираат сопствен автомобил кој под своето име го претставија во 1903-тата. Но нивниот финансиер и деловен партнер кој држеше синџир месарници сметаше дека тој ќе биде прескап и ги убеди да се зафатат со производство на лесни трицикли за достава. И беше во право – новата компанија основана 1904-тата која на почетокот се викаше Autocars and Accessories успешно го лансираше Auto-Carrier кој имаше две тркала напред и едно назад. Три години подоцна му додадоа седишта во товарниот простор и го означија како A.C. Sociable, со што името AC и официјално беше родено.

Од првата светска војна прекинатиот подем продолжи после нејзиното завршување. Со текот на децениите марката направи повеќе добри автомобили и постигнуваше значајни спортски успеси, но работеше финансиски доста нестабилно и таа промени повеќе сопственици. Најпознати модели пред Cobra беа родстерот Ace и купето Aceca, како и инвалидскиот микроавтомобил Petite од почетокот на педесеттите. Во 1961-вата започнува соработката со Shelby кој во модифицираната шасија на Ace вградуваше V8 мотор од Ford со намера да конкурира на Chevrolet Corvette во американските тркачки шампионати. Така настана незаборавниот родстер со легендарно име Cobra.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *