Tags:
Гужва, семафори…

Возењето скоро кај сите предизвикува стрес

» Една осигурителна компанија од Велика Британија на две илјади возачи има спроведено истражување со цел да дознае колку од нив чувствуваат стрес во возењето. А резултатите се вознемирувачки – дури 90 отсто. За 30 отсто од возачите е стресно кога некој вози преблиску до нив, 29 отсто кога ќе наидат на агресивни возачи, а 20 отсто пак кога другите возачи не ги користат мигавците. На четвртина возачи стрес им предизвикуваат работите на патот, 20 отсто го мислат истото за гужвите, а 15 отсто се нервираат кога ќе се најдат зад бавен возач. Но најбитно е што дури третина од возачите кои имале сообраќајка како важен фактор го наведуваат стресот. Затоа, возете внимателно и релаксирано без да дозволите нешто да ве оптоварува во возењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *