Tags: ,
Благи хибриди – што е тоа (2*видео)

Соломонско и корисно решение

» Денес скоро сите нови автомобили, посебно оние кои доаѓаат од производители кои држат до себе, се опремуваат со благ хибриден погон. Иако вака кажано на прв поглед звучи како некој маркетиншки трик за да ви извлечат повеќе пари, од благите хибридни системи всушност има доста корист. Како прво, нивната конструкција е едноставна и евтина за изведба, за разлика од нормалните хибриди. Тоа е заради тоа што тие не го задвижуваат возилото, ниту пак им треба висок напон за работа. Како техничко решение не се новост, но сега практично стануваат нешто сосема нормално со кое секој автомобил треба да биде опремен.

Во основа се работи за уред кој може да работи и како електромотор и како генератор и со коленестото вратило е поврзан механички, со каиш. Сé повеќе се среќаваат 48-волтни изведби бидејќи поголемиот напон значи и помали отпори и вградување потенки кабли. Задачата на благите хибридни системи е едноставна – кога автомобилот забавува или застанува, уредот работи како генератор произведувајќи струја која се чува во посебна батерија. При забрзување пак тој работи како електромотор зголемувајќи ја моќноста на погонскиот агрегат. Зборуваме за мал број коњски сили, но сепак доволно за намалување на потрошувачката, а со тоа и штетните материи во издувните гасови, некои од производителите велат и за повеќе од 10 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *