Tags:
Чорапи за автомобил

Спас за снег и мраз

» Без разлика што кажува прогнозата дали зимата ќе ги покаже забите, за неа треба да бидеме подготвени. Најважното е монтирање квалитетни зимски пневматици, но ако се нема пари за нив или пак место каде ќе се чуваат летните, тогаш решение се синџирите за снег. Сепак не за секого – ретки се оние што знаат како се ставаат, уште поретки оние што навистина ставиле. Плус на тоа, бучни се при возење и ги оштетуваат тркалата и пневматиците. На мраз пак не само што не се корисни, туку се опасни – со нив автомобилот станува неуправлив и небезбеден.

Решение кое и законот го дозволува е интересниот норвешки изум наречен чорапи за автомобил. Тоа всушност се навлаки за тркалата направени од повеќеслојна тканина од композитни полимерни влакна. Таа  исклучително е цврста, еластична и отпорна на абење, а главна особина и е што повекекртатно го зголемува коефициентот на триење, надолжно и бочно. Чорапите за автомобил лесно се поставуваат и симнуваат, а со нив може да се вози и кога нема снег на коловозот, но тогаш патот на кочење се продолжува. Достапни се во повеќе димензии и препорачливо е да се стават на сите тркала, посебно кај автомобилите со погон назад. Притисокот на воздухот во пневматиците треба да биде на пропишаното ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *