Има две-три добри причини зошто пневматиците се црни
» Технологијата немерливо напредна откако е измислен автомобилот. Воведени се многу промени, но една работа остана иста – пневматиците и понатаму се црни. Причината за тоа е саѓето кое е важен и неизоставен дел од нивното производство. Главната состојка во пневматиците е гумата, која е мека и леплива. Во постапката на вулканизација во неа се додава саѓе кое ја стврднува и ѝ дава цврстина. Овој процес кој го измисли Чарлс Гудјир во 1839 година и денес е основна метода за производство на пневматици. Секако, нивно производство во различни бои во ова современо време е технички можно, но малку е веројатно дека ќе ги видиме во друга боја освен црни.
Една од причините е што заради прашината и нечистотиите од коловозот тие брзо би го загубиле својот оригинален изглед. Но поважна е што црните пневматици оставаат траги на асфалтот, што е исклучително битно за одредување на патот на движење на возилата при сообраќајни незгоди. Црните пневматици уште и ја спроведуваат подобро топлината, што ги спречува или отежнува локалните прегревања кои наместа доведуваат до засилено трошење и го забрзува рамномерното загревање на целиот газечки слој, што е важно за прилепувањето на пневматиците, посебно на студен коловоз.