Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>9 декември 1868 година

Кратко траеше…

» На денешен ден 1868 година во Лондон беше поставен првиот семафор. Го обмисли железничкиот инженер Џон Пик Најт добивајќи ја идејата од системот за сигнализација на пругите. Семафорот се состоеше од табли кои полицаец рачно ги подигнуваше, означени со црвени и зелени ламби на гас за ноќна употреба. Изумот беше добро прифатен но после само неполн месец заради течење на гасот семафорот експлодираше повредувајќи го полицаецот. Тоа ги запре сите планови за поставување на семафори низ Велика Британија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *