Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>16 декември 1992 година

Последниот вистински Citroen

» На денешен ден 1992 година на посебно организирана прес конференција пред 350 новинари Citroen во Париз ја претстави Xantia. Официјалната премиера на овој според многумина последниот вистински Citroen беше на салонот на автомобилите во Женева во март 1993 година, кога започна и продажбата. Дизајнирана од Bertone, Xantia пленеше со своите елегантни линии кои го навестуваа комфорот што го пружа хидропневматското ослонување. Овој модел во верзијата со активно ослонување е и рекордер според брзината со која го има совладано тестот за избегнување на лос, поминувајќи го со 85 километри на час. За споредба, втор најбрз автомобил на овој скандинавски тест е Porsche 911 GT3 RS со 82 km/h, додека А-класата на Mercedes се тумбаше на само 60 километри на час.

Citroen во Франција ја произведуваше Xantia до 2001 година, по што овој модел продолжи да живее во Иран сé до 2010 година, а кратко време во 1996 и 1997 година во мали количини се произведуваше и во Кина каде се продаваше како XM. Заради немаше податоци за иранското производство вкупниот број направени возила не е точно познат – се проценува дека се повеќе од 1,5 милиони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *