Именден на најславната марка автомобили
» Две години откако за прв пат го употреби, компанијата на Вилхелм Мајбах Daimler-Motoren-Gesellschaft го регистрираше името Mercedes. Првиот автомобил беше наречен така по желба на дилерот на Daimler Емил Јелинек во 1901-вата година во чест на неговата ќерка Мерцедес, име под кое тој подоцна ги има продавано возилата. И не само тоа – во 1903 година тој го има сменето своето презиме во Јелинек-Мерцедес.