Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>18 јуни 1986 година

Почеток на новата ера за шпанската марка

» Seat е присутен на шпанскиот пазар од 1950 година, но во остатокот на Европа беше практично непознат. После разидувањето со Fiat и претставувањето на Ibiza нештата започнаа да  се менуваат, но беше јасно дека без стратешки партнер шансите за долгорочен успех се мали. Така, на 18 јуни 1986 година, по купувањето на мнозинскиот удел од 51%, групацијата Volkswagen стана главен акционер на Seat. Во декември истата година учеството беше зголемено на 75%, а после четири години VW ги купи и преостанатите 25% од компанијата. Seat ги исполни очекувањата на новиот сопственик остварувајќи профит после само две години откако стана дел од семејството на Volkswagen, кој со купувањето на марката обезбеди производствени капацитети за возила со пониска цена и влез на дотогаш релативно неискористениот шпански пазар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *