Колку е бојата важна за безбедноста во сообраќајот?

Жолта или сина, прашање е сега

» Логиката вели ако имате облека со дречливи бои веднаш ќе бидете забележани. Сличен принцип вреди и во сообраќајот, што на еден едноставен начин го докажаа истражувачите од државниот универзитет во Сингапур. Тие анализираа 3.341 такси возачи кои возеа сини и жолти автомобили. Иако не е тешко да се претпостави дека жолтите возила се полесно забележливи од сините, резултатите сепак фрапираа – разликата во бројот на несреќи во кои учествуваа е шест према еден! За споредбата да биде фер и заснована на факти а не на случајност, анализиран е период од три години и возила со приближно ист број поминати километри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *