Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>17 јуни 1970 година (2*видео)

Предокот на сите SUV и кросовер модели

» До 17 јуни 1970 година теренските возила беа груби, робусни и аскетски работни машини – можеа сé, ама не можеше секој да се справи со нив. А тогаш се роди Range Rover, предокот на сите SUV и кросовер модели. Идејата за еден ваков теренец кој ќе ги спои врвните возни способности во тешки услови со луксузот, како и практичноста и комфорот во секојдневната употреба со перформансите на асфалтирани патишта му донесоа углед што никој го немаше. Затоа и првиот Range Rover кој пионерски беше толку иновативен и успешен се произведуваше до 1996-тата, година ипол по претставувањето на неговиот наследник. Првите 11 години имаше само две врати, автоматскиот менувач стигна наредната година, а дизел мотор доби дури во 1986-тата. На почетокот немаше ни серво управување, ниту електрични стакла или пак клима уред, а и кожата и дрвото пристигнаа подоцна. Беше скап и трошеше како локомотива, но сепак добро се продаваше – до крајот на својата успешна кариера собра 326.070 купувачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *