До каде ќе одат цените на горивата?
» Со денешниот скок на цените на бензините за 2,50 а на дизелот за 3,00 денари како што одлучи регулаторната комисија за енергетика, горивата кај нас достигнаа највисоко ниво откако е воведен новиот систем за нивно оданочување пред два месеца. Причината за поскапувањето е иста – порастот на цените на референтните деривати на светскиот пазар, бензините за 3,498% и дизелот за 3,023%, заедно со повисокиот курсот на доларот за 1,290%. Сето тоа ја искачи цената на еуросупер на 88,50, на еуросупер БС-98 на 90,50 а на дизелот до рамно 90 денари за литар.